За Пандонос


Во срцето на стариот Охрид, веднаш над Античкиот театар, или подобро кажано на плоштадот од стариот Лихнидос во непосредна близина на црквичката Св. Богородица Пантараса- Пандонос сместен е ресторанот Пандонос. Овој угостителски објект е уникатен спој на атрактивна локација, прекрасен автентичен амбиент и единствен поглед.

Седејќи во Пандонос имате чувство дека чекорите низ вековите. Можеби сте на античка гозба затоа што пред вас е античкиот театар,...или пак сте на празнична верска гозба затоа што отспротива е величествената црква Св. Богородица Первилепта а непосредно до вас малечката црква Св. Богородица Пандонос,...или имате чувство дека сте на гости во стара Охридска куќа затоа што сте опкружени со староградска архитектура,...и на крај можеби пловите во стар Охридски чун затоа што пред Вас е споено езерското и небесното синило.... Чудесна глетка... Но, набрзо времепловот завршува а Вие осознавате дека сте тука, во ресторанот Пандонос во кој вкусувате од бројните македонски гурмански специјалитети и се опивате со блажината од надалеку познатите македонски вина. Во “Пандонос“ за Вас цели 24 часа работи љубезниот персонал кој посакува срдечно добре дојде за секој гостин.


Ве покануваме  да уживате :
* на прекрасен Македонски појадок;
* ручек богат со гурмански специјалитети;
* вечера по ваша желба и за сечиј вкус;
* однапред организирани и договорени менија за Вашите туристи;
* организирани деловни ручеци и вечери за Вашите деловни партнери;
* организирани свечености за Вашите специјални денови и настани

Ресторанот Пандонос  има III нивоа
* Пивница со мала тераса (трен) од која го гледате Охрид и езерото како на дланка.
* Ресторан и кујна направени во традиционален Охридски стил со доста реплики од музејски експонати.
* Стара традиционална Охридска соба збогатена со Македонски етнос.